Пакистанската војска соопшти дека најмалку 46 талибански бунтовници и тројца војници загинале во вчерашниот судир во близина на авганистанката граница.Насилствата ескалираа откако бунтовниците ги нападнаа безбедносните позиции на војската за време на посетата на претседателот на Соединетите америкаски држави Џорџ Буш кој вчера престојуваше во Исламабад на разговори со пакистанскиот претседател Первез Мушараф во врска со борбата против мегународниот тероризам.