Лидерите на радикалната палестинска организација Хамас ја продолжуваат нивната посета на Москва во текот на која вчера разговараа со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Оваа средба, како што оцени американскиот Стејт Департмент, била корисна бидејќи на раководството на Хамас му била пренесена јасна порака дека на Израел треба да му се признае правото на постење. Хамас во јануари убедливо победи на палестинските парламентарни избори.