Хадерабад: Продолжува посетата на Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш, во рамките на посетата на Индија, денеска престојуваше во индустрискиот центар Хадерабад, каде што имаше средби со индиски бизнисмени. Во претежно мулиманскиот дел од градот се одржуваа протести против посетата на Буш, при што имаше и краток судир со полициското обезбедување. Буш попладне ќе замине во посета на Пакистан.