Виена: Преговорите со Иран за нуклеарната програма без договор

Германскиот и францускиот министер за надворешни работи соопштија дека денешните преговори во Виена на Европската Тројка, во која е и Велика Британија, со Иран за нуклеарната програма, завршиле без договор. Во понеделник ќе се одржи состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија на кој и дефинитивно треба да биде решено, - иранското досие да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации.