Прага: Продолжува посетата на Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин кој ја продолжува посетата на Чешка вчера изјави дека Русија сноси морална одговорност за тоа што поранешниот Советски Сојуз ја предводеше инвазијата на тогашна Чехословачка. Инвазијата беше изведена во илјада деветстотини шеесет и седмата со цел да се задуши таканаречената Прашката пролет. Сепак, Путин, како и претходно во Будимпешта, рече дека освен морална, Русија нема никаква законска одговорност за задушување на демократските движења во Чешка и во Унгарија.