Рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во дводневна посета на Чешка. Тоа ќе биде прва посета на еден шеф на руската држава од онаа на Босрис Елцин пред тринаесет години. Аналитичарите очекуваат дека и во Прага, како што тоа вчера го стори во Будимпешта, Путин во името на модерна Русија симболично да се дистанцира од интервенцијата на советските трупи во Унгарија и во Чешка.