Тирана: Бучковски од утре во посета на Албанија

Македонскиот премиер Владо Бучковски од утре ќе престојува во дводневна посета на Албанија. Во рамките на посетата тој во Драч ќе учествува на заедничката средба со премиерите на Албанија и на Хрватска Сали Бериша и Иво Санадер. На неа ќе се разговара за состојбата во Југоисточна Европа и за напорите на трите земји да станат членки на НАТО и Европската Унија.