Иранскиот министер за надворешни работи Маночер Мотаки пристигна во тридневна посета на Јапонија. Разговорите со неговите домаќини главно ќе бидат посветени на контроверзната нуклеарна програма на неговата земја. Се очекува тој да обелодени детали од договорот меѓу Техеран и Москва со кој би требало да се одбегнат можните санкции на Обединетите Нации против Иран.