Хаг: Започна сослушувањето за геноцид што БИХ го поднесе против СЦГ

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска го започна сослушувањето во врска со обвинението за геноцид што Босна и Херцеговина го поднесе против Србија и Црна Гора. Станува збор за прв случај за геноцид што една држава го поднесува против друга пред судот во Хаг. Експертите не очекуваат судот да донесе некакво решение во наредните неколку месеци.