Силна експлозија ја разнесе златната купола на еден од најпознатите шиитски храмови во ирачкиот град Самара. Ирачките безбедносни сили соопштија дека вооружен напаѓач влегол во храмот, ги заробил чуварите и го поставил експлозивот. Американските и ирачките сили се во потрага по сторителот. По екплозијата, иладници демонстранти бараа казнување на виновниците, а ирачкиот премиер Ибрахим Џафари прогласи три-дневна жалост. Во храмот во Самара се наоѓаат гробниците на 10-тиот и 11-тиот имам, потомци на пророкот Мухамед.