Во Виена денеска започнаа првите директни преговори за идниот статус на Косово скоро седум години откако НАТО интервенираше на покраината Претставници на Белград и на Приштина со посредство на Обединетите Нации, на дводневната средба разговараат за реформите во локалната самоуправа со цел зајакнување на правата на малцинствата на Косово.
Тековните разговори во Виена се само една рунда од многуте кои ќе се случат во следните месеци. За она што се случува овие два дена од изјавата на шефот на албанската делегација Љутви Хазирај.
„Денеска ние се фокусираме на агендата, компетенциите на општините. Ние сакаме да се реши статусот што поскоро.“
Конечниот исход за статусот на покраината е во фојкусот на интересот, и тоа според Александер Андерсон шеф на Меѓународната група е јасно.
„Во минатиов месец, ние гледаме дека преставници на Соединетите Држави, на Велика Британија, на Европската Унија му кажуваат на Белград дека најверојатно фаворизиран резултат во процесот ќе биде независнопст на Косово и оти потребата е во преговорите да се концентрираат за најдобар договор за косовските срби. Официјален Белград е во некоја позиција да негира и тоа е психолошкиот беграунд на преговорите кои стартуваа во Виена.“
Според Андерсон, Меѓународната заедница, Европа посебно, сака да ја доведе вио ред, како што вели Балканската куќа. Затоа Унијата ги започна шпреговорите за членство со Хрватска. На Македонија и го призна статусот кандидат за членство и потпиша договори за соработка со Србија и Босна. Во тој контекст само Косово останува незавршена работа, смета Андерсон од Меѓународната кризна група. Многу прашања во врска со Косово треба да се решат и ни еден договор нема да биде без услови за Приштина.