Против британскиот историчар Дејвид Ирвинг денеска во Виена започнува судски процес затоа што во два говора во 1989 во Австрија го негираше Холокаустот – односно нацистичкото истребување на 6 милиони евреи. Судењето започнува во екот на дебатата за слободата на говорот иницирана по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед што пак предизвика серија насилни протести во светот.