Британскиот премиер Тони Блер и германскиот канцелар Ангела Меркел на денешната средба во Берлин, како што е објавено, главно ќе разговарале за иранската контроверзна нуклеарна програма и за снабдувањето со енергија на земјите од Европската Унија. Тоа е прва блерова посета на Германија откако Меркел стана канцелар во ноември минатата година.