Најмалку двесте луѓе загинале, а скоро илјада и петстотини исчезнале во лизгањето на земјиштето на Филипините, соопштија денеска претставници на Црвениот Крст. Прецизирано е дека станува збор за проценка за жртвите откако едно село е затрупано на островот Лејти. Лизгањето на земјиштетот го предизвикаа изобилните дождови кои во тој дел на Филипини траат две недели.