Берлин: Средба Штајнмаер-Ахтисари

Германскиот министер за надворешни работи Франк Волтер Штајнмаер денеска во Берлин ќе разговара со специјалниот пратеник на Обединетите Нации за преговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари. Штајнмаер неодамна го изрази уверувањето дека овие преговори би требало да завршат до крајот на годинава, бидејќи тоа е од интерес на регионот.