Во Багдад денеска продолжи судењето на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, кој го прекина бојкотот. Садам, кој одби да присуствува на последните две рочишта, денеска влезе во судницата со повик – Долу Буш. За денеска е шпредвидено сведочење на двајца поранешни официјални претставници на садмовиот режим, кои би требало да ја потврдат неговата директна вмешаност во злосторствата врз цивили во 1982 година.