Лондон: Отворена истрага по обвинувањата дека британски војници малтретирале Ирачани

Британското Министерство за одбрана нареди итна истрага за да се утврди оригиналноста на една видео снимка прикажана во медиумите во Британија на која се снимени британски војници додека физички малтретираат ирачки цивили. Неделникот "Нјус оф д ворлд" објавува снимка на која се гледаат неколкумина британски војници како тепаат и клоцаат млади ирачани додека тие лежат на земја. Весникот вели дека снимените кадри се наполно идентични и дека се направени за време на улични немири во Ирак. Пред две години фотографии на иста тема објави и таблоидот "Дејли Мирор" и долго време тврдеше дека станува збор за автентични снимки, за на крајот да се открие дека станува збор за наместени сцени, направени во Британија во дворот на некоја касарна. Поради тоа управата на компанијата што е издавач на весникот го смени главниот уредник Пирс Морган.