Пратениците шиити од Обединетиот ирачки сојуз, кој освои најмногу места на парламентарните избори на 15 декември, го избраа сегашниот премиер Ибрахим ал Џафари за свој кандидат за премиерската функција. Парламентарната група на шиитите денеска гласаше за премиерски кандидат, при што Џафари од партијата Дава освои 64 гласа, наспроти 63 за противкандидатот, сегашниот потпретседател на Ирак Адил Абдул Махди. На гласањето биле пуштени две празни ливчиња, а еден пратеник отсуствувал. Пред тоа анонимни извори од Обединетиот ирачки сојуз соопштија дека другите двајца претенденти Хусаин ал Шахрастани и Надим ал Џабири се повлекле.