Израел остро се спротистави на најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека наскоро ќе ги покани на разговори во Москова лидерите на Хамас. Путин оцени дека Хамас е легитимен избор на палестинците. Вашингтон соопшти дека ќе бара објаснување од Путин, оценувајки дека Русија има обврска да врши притисок врз Хамас да се откаже од насилствата и да го признае Израел.