На синоќешното четириесет и осмо доделување Греми во Лос Анџелес ирската рок група Ју ту доби пет награди, вклучувајќи ги тука и оние за најдобра песна и за најдобар албум во минатата година. За најдобра поп пејачка беше прогласена Кели Кларксон, а за најдобар поп пејач Стиви Вондер.