Израелските војници убиле двајца палестинци во денешната престрелка на граничниот премин Ерец во Појасот Газа. Војниците, според соопштението на израелската армија, пукале врз вооружените палестинци кои сакале да влезат во Израел. Палестински извори наведуваад дека двајцата палестинци биле припадници на оруженото крило на Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.