Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ги осуди насилните муслимански протести во Сирија и во Либан поради објавените карикатури на пророкот Мухамед. Во изјавата, Анан оценува дека го споделува шокот на муслиманите околу карикатурите, но, како што додава, тоа не треба да биде оправдување на насилството. Вчера беше запалена данската амбасада во Бејрут, а претходниот ден во Дамаск беа уништени амбасадите на Данска и на Норвешка.