Мухамед Ел Барадеј ќе поднесе извештај за Иран во Советот за безбедност на ОН во март

Меѓународната агенција за Атомска Енергија денеска во Виена донесе резолуција со која се повикува директорот Мухамед Ел Барадеј на Советот за безбедност на 6 март да му поднесе извештај за спорната иранска нуклеарна програма, односно сомневањата дека Техеран се обидува да развие нуклеарно оружје.

„Ова испраќа силна порака до Исламската Република Иран. Тоа е порака за загриженост во развојот на настаните од почетокот на јануари и недостигот од доверба за нуклеарните намери на Иран.“

изјави британскиот амбасадор во Агенцијата Питер Џенкинс.

Резолуцијата донесена со 27 гласа за, три против и 5 воздржани бара од Иран да не превзема активнсти за обогатување на ураниум со цел да ја поврати довербата дека програмата е моровременска. Оваа одлука на Агенцијата во Виена го расчисти патот за идни акции на Советот и преставува компромис бидејки Русија и Кина бараат одложување на акциите пред Советот за безбедност до март. Иранската агенда се најде и на врвот на темиоте на конференцијата за безбедност во Минхен на која германскиот канцелар Ангела Меркел и американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд зазедоа цврст став дека Техеран треба да се спречи од намерата да произведе нукларна бомба.