Москва: Притворени 15 активисти кои учестуваа на протестите

Руската полиција притвори околу 15 активисти кои учествува на вчерашните протести во Москва. Околу 60 активисти се собраа пред штабот на федералната безбедносна служба на протести против обвинувањата дека рускитиот невладин сектор добил пари од британски шпиони. Според активистите за човекови права, целта е да се дискредитираат невладините организации и да се добие јавна подршка за законот за ограничување на нивните права.