Министерите за надворешни работи на земјите членки на контакт групата за Косово денеска во Лондон ќе расправаат во врска со најавените преговори меѓу Белград и Приштина за идниот косовски статус. На состанокот ќе учествуваат и посредникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари, како и шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.