Директорот на иранската Организација за атомска енергија Голамреза Агазадех денеска изјави дека не постои правна основа Техеран да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации за спорната нуклеарна програма. Во првичната реакција на официјален Техеран се наведува дека одлуката на петте постојани членки на Советот за безбедност иранското досие да се префрли во Обединетите Нации ќе претставува крај на диплматијата.