Не толку често, Холивуд произведува филм кој прави пресвртница во филмската индустрија поради отсликувањето на хомосексуалните односи. Планината Броукбек е еден од таквите филмови. Тој веќе доби неколку големи награди, четири златни глобуси, а се претпоставува дека ќе биде номиниран и за престижниот Оскар.
Главните личности во филмот, Џек и Енис се запознаваат на една фарма во Државата Вајоминг во 1963година. Од почетокот, помеѓу нив постои само пријателство, се додека една вечер не сфатат дека чувството што ги врзува е многу посилно. Нивната врска завршува кон крајот на летото и секој се враќа во нормалниот живот. Но набрзо потоа искрата меѓу нив повторно ќе се распламти, а филмот ја отсликува болката која ги следи во годините по нивната прва средба на планината Броукбек.
„Мислам дека филмот Планината Броукбек е пресвртички филм за хомосексуалната заедница во Соединетите Држави и насекаде во светот.“
вели Мајкл Кол од здружението за правата на хомосексуалците во Соединетите Држави и додава
„Она што е одлично во овој филм е тоа што ги опишува овие карактери во едно искрено светло. Навистина ја чувствувате емоцијата во него и конфликтот во кој се наоѓаат бидејќи не можат да го живеат животот како што треба, а без да го привлечат вниманието на другите. Затоа што живеат во едно репресивно општество кое не им дозволува да бидат тоа што се.“
Пред повеќе од една декада постоеше Филаделфија, филм кој на симпатичен начин го отсликува животот на еден хомосексуалец болен од сида. Но, она што го прави Планината Броукбек посебен, велат неговите фанови, е тоа што не се работи за филм за хомосексуалци, туку станува збор за една голема љубовна приказна во која случајно двата главни лика се мажи.
Но филмот предизвика и поинакви реакции. Стивен Ајзак , член на една христијанска организација вели дека хомосексуалноста е некомпатибилна со христијанските сфаќања.
„Причината поради која се цени квалитетот на филмот, е тоа што колку подобро тој е направен, толку повеќе емоционално ве покорува и толку посилна е пораката која филмот ви ја испраќа.“
Здруженијата за правата на хомосексуалците се надеваат дека Планината Броукбек ќе ги отстрани негативните погледи за хомосексуалноста и ќе им донесе поголемо разбирање.