Ерусалим: Израел ќе ги замрзне финансиските средства за палестинската управа

Израел реши да ги замрзне финансиските средства за Плаестинската управа поради страхувањето дека парите би можело да дојдат до рацете на терористите. Ова денеска го изјави Ехуд Олмерт, вршител на должноста премиер на Израел по состанокот со гермаснкиот канцелар Ангела Меркел која од вчера престојува во посета на Израел. Секој месец Израел и префрлува на Палестинската управа по околу пеесет милиони долари што се собираат од наплатата на данокот и царините на граничните премини.