Спасувачките екипи ја завршија потрагата по преживеани по паѓањето на покривот на една саемска сала во полскиот град Катовице. Во несреќата до која дојде поради изобилните снежни врнежи, според последните извештаи, загинале шеесет и седум лица, додека сто и осумдесет биле повредени. Во Полска е прогласена тридневна жалост.