Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека американската влада е неморално царство и се закани дека ќе бидат уапсени сите американци што ќе бидат фатени како собираат податоци за венецуелската војска. Ваквата изјава доаѓа откако потпретседателот Хосе Рангел обвини претставници на американската амбасада во Каракас дека собирале доверливи воени информации за потребите на Пентагон.