Рок звездата Боно Вокс на Светскиот економски форум во Давос го престави Црвен Продукт – фонд во кој светските бренд компании би се вклучиле во борбата против Сидата во Африка. Проектот треба да започне во Март со тоа што дизајнерите на блузи, маици, очила за сонце, чевли и кредитни картички ќе стават црвена боја. Дел од профитот ќе оди и за редукција на туберкулозата и маларијата. Според Бон, Црвените продукти имаат за цел да се ужива во нив и да се направи добро.