Илјадници луѓе демонстрираа против војната и економската глобализација на првиот ден од Светскиот социјален форум што се одржува во главниот град на Венецуела, Каракас. Овој собир почна да се одржува пред пет години како контра одговор на Светскиот економски форум во Давос.