Во Атина започна состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Грчкиот премиер Костас Караманлис на отворањето рече дека врзивно ткиво на земјите од регионот се евроатланските интеграции. Тема на средбата е економско политичката соработка во Југоисточна Европа со акцент на Косово. Според грчкото министерство за надворешни работи, не е предвидена билатерална средба на министрите Петрос Моливијатис и Илинка Митрева туку тие ќе можат да разменат мислења на работниот ручек.