Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија. Прерано е да се шпекулира за почетокот на преговорите на Македонија за прием во ЕУ

Господине амбасадоре, Македонија 2005 ја заврши со добивање на статус на земја кандидат. Кои се вашите очекувања за 2006?

Секако беше одличен начин да се заврши годината - да се добие веста од Европската Унија за добивањето кандидатски статус. Тоа беше признание за огромната храброст покажана од лидерите на политичките партии и од луѓето во оваа земја во надминувањето на проблемите од минатото и на насочувањето кон Европската Унија. Тоа мислам дека им даде доверба на земјата и на граѓаните да ја следат оваа насока. Секако, треба многу работа за да се постигне тоа. Реформската агенда е многу детална и разбирлива. Многу нешта треба да се сработат на тој план. И секако ЕУ, во своите барања за напредок, нема да ги гледа само донесените закони, туку и како тие се имплементираат во пракса. Занчи ќе се бара многу акција, многу повеќе од самото донесување на легислативата, која е секако важна. И ние ќе сакакме да ја гледаме и понатаму волјата која се покажува и сега во продолжувањето со инплементацијата на различни програми оваа година, секако завршувајќи со изборниот закон.

Изборниот процес и реформите во судството се посочуваат како главен предизвик со кој ќе се соочи земјава годинава. Но, кои се другите полиња на кои треба да се работи?

Овие што вие ги споменувате, секако се важни и есенцијални. Но освен овие, ние ја чекаме и реформата на полицијата. Ова е апсолутно важно-да се поттикне владеењето на правото, да се влее доверба меѓу граѓаните дека нивната безбедност е загарантирана, дека нивните права се почитуваат од полициските власти. Во иста насока е и административната реформа. Мораме да бидеме сигурни дека владината администрација, јавната администрација има капацитет, и вработени луѓе со знаење, способни да ги понесат одговорностите... Значи ова е особено важна област, а друг предизвик е реформата за изборите. Сигурноста дека подготовките за избори и самите избори се спроведуваат по највисок европски стандард. И секако, на државава ќе и се суди многу внимателно за тоа како се спроведени изборите.

Сведоци сме дека една од најголемите албански опозициски партии ДПА неколку месеци ги бојкотира институциите во земјава. Колку нивното однесување може да го доведе во прашање изборниот процес во Република Македонија?

Длабоко жалам поради бојкотот што ДПА во континуитет го спроведува во Парламентот. Ние на највисоко ниво, на лидерот на таа партија му го посочивме тоа. За каква цел и кому му случи тоа? Било каква порака да носи со себе тој чин, станува збор за жртвување на институцијата за која членовите на таа партија беа избрани. Да се бојкотираат седниците на Парламентот, било од страна на ДПА или од која било друга партија, како што беше случајот и поради некои случувања во декември, според мене, не и служат на ниедна причина, и ја дискредитираат улогата на Парламентот,а од друга страна треба да им служат на луѓето што ги избрале во Собранието. Значи, јас чувствувам дека, а тоа јасно го кажав и на комисијата за европски прашања минатата недела, таквите бојкоти треба да му припаднат на минатото. Немаат никаква улога во едно здраво општество какво што сега претставува Македонија.

Кога сме кај ДПА, како ги коментирате радикалните изјави на лидерот на оваа партија Џафери, кој ја протежира идејата – сите Албанци во една држава?

И за тоа чувствувам дека не оди во прилог на целта и на конструктивност при разговорите за Косово што се веќе во тек. Сите знаеме дека ако се прецртуваат границите на Балканот, тоа ќе доведе до отворање на Пандорината кутија на секакви тешкотии. Тоа ќе биде враќање кон конфликтите на минатото. Сметам дека сите партии се согласуваат дека тоа би било најлошото сценарио. Значи мораме да работиме врз основа на она што постои. Има секаква можност во контекст на ЕУ, да се обезбеди почитување на правата на малцинствата, а мултиетничките општества што се формираа, било да е тоа Македонија или во некој друг дел од Балканот, можно е тоа да се осигура во контекстот на постоечките територијални граници и во контекст на европската перспектива. Така што, таквиот јазик што го споменавте, верувам дека не им одговара на аспирациите. Што сакаат младите генерации? Тие сакаат подобра идина за своите деца, за своите семејства, сакаат добри работни места, сакаат да ја зачуваат животната средина, како и да се грижат за јазикот и за правата на малцинствата. Сите овие се легитимни желби и можат да се бараат во контекст на европската перспектива.

Во обид да се привлечат странските инвестотори, годинава стартуваше едно шалтерскиот систем. Доволно ли е тоа странските инвеститори да дојдат во Македонија?

Секако дека ова е мошне позитивен тек на настаните и ние го поздравуваме. Мислам дека претставува конкретна акција за нешто што подолго време сакавме да го видиме. Но, тоа не е доволно. Ако некој сака да види економски раст што ќе создаде можност за нови работни места и што ќе им одговара на аспирациите на младите генерации што пред малку ги споменав, и ако сакате ситуација во која ќе може да се привлечат нови странски инвестиции, мора да се вложат дополнителни напори за промоција и создавање на услови за водење на разни бизниси во земјава. Така што, сметам дека е тоа е позитивен развој на настаните, но тоа мора да оди рака под рака со развој во економскиот сектор, мислам на тендерските процедури, јавните набавки, тендерите мора да бидат транспарентни и да се спроведуваат според стандарите што се прифатени на европско ниво. Мислам дека Владата има желба да го стори тоа, но важно е и сето тоа да се спроведе, односно да се имплементират. Но, важно е и да се знае дека во тоа не треба да се вклучи само владата, туку и бизнис-секторот кој исто така има одговорност во поттурнувањето на тоа што значи легитимност на начинот на кој се спроведува бизнисот.

Господине Фуере, доколку овие реформи бодат успешни, може ли Македонија да се надева на почнување на преговорите до крајот на годинава?

Мислам дека е прерано да шпекулираме кога ќе почнат преговорите. Јасно е дека еден ден ќе почнат. На Македонија и е доделен статусот на земја-кандидат, така што земјата мора да продолжи по патот на реформите Колку побрзо се движи низ агендата за реформи и колку побрзо напредува, толку побрзо би можеле и да го предвидуваме датумот за почеток на преговорите. Следниот чекор сега би требало да биде она што е задача за оваа есен, кога целиот прогресс од оваа година ќе биде разгледан, особено спроведувањето на изборите. После тоа, ќе можеме да видиме каде сме и дали ќе можеме да го видиме патот и датумот за почеток на преговорите.

2006 од многумина се посочува како клучна за регионов. Се очекува решавањето на статусот на Косово и референдумот во Црна Гора. Како во оваа насока ја цените улогата на Македонија и нејзините ставови по овие прашања?

Ја поздравуваме позитивната улога што ја играат земјава, Владата и партите во коалицијата, а во однос на справувањето со предизвиците. Интересно е да се спомене дека веќе постојат многу билатерални договори меѓу Македонија и Косово. Тука е патничКиот воз, за кој се надевам дека повторно ќе стартува за постојано, за да покаже дека се враќа нормалноста и оти постои практична соработка меѓу двете заедници, меѓу двете земји и регионот. Мислам дека со тоа ќе се зајакне сликата дека Македонија може да игра важна улога во регионот во донесувањето задоволителни решенија кон разговорите за Косово. Убедени сме дека што и да се случи во овие разговори, Македонија ќе продолжи да игра улога. Зашто и покрај се, ако задоволителните решенија за тие прашања се во интерес на граѓани на Македонија, било да се етнички Македонци, Албанци или други, во интерес на сите е решавањето на регионалните прашања да се одвива на што е можно пооотворен и потранспарентен начин. Очигледно дека е важно оти советувања, консултации, посредникот на ООН Марти Ахтисари веќе беше тука, а сигурен сум дека тој повторно ќе дојде. Токму затоа, Македонија ќе биде во можност да го покаже нејзиниот конструктивен придонес во однос на тоа прашање.

И за крај, каде ќе биде ставен акцентот на вашите активности годинава во Македонија?

Многу голема задача имаме на грбот јас и мојот тим. Секако дека еден многу значаен предизвик ќе биде да оцениме како ќе се имплементираат некои уставни и законски реформи. Еден од аспектите е и децентрализацијата. Лично ќе настојувам да посетам што е можно повеќе општини, да се сретнам со градоначалниците, со локалните советници и со граѓаните, за да дознаам кои им се вистинските секојдневни проблеми. Тоа се луѓе кои се на врвот на нештата, кои се вистинските примачи на одлуките. Поради тоа е важно ним да им се овозможи да ги искажат своите чувства и мислења и би сакал директно да ги поделам со нив тие чувства за подобро и за себе да можам да воочам како се спроведува имплементацијата. Тоа е исто така и начин како да се спознае срцето и душата на земјата. Средби со луѓето надвор од Скопје, а не само тука, иако Скопје е убав град, сепак тоа не е начин на и место каде можат да се сфатат нештата. Мора да се излезе надвор и да се сретнеме со луѓето. Тоа е она што очекувам на најдобар можен начин да го направам во текот на месеците што доаѓаат.