Багдад: Сеуште нема информации за грабнатата американска новинарка

И покрај истекувањето на временскиот рок, се уште нема никакви информации за судбината на американската новинарка Џил Керол која пред две недели беше грабната во Багдад. Киднаперите преку видео снимка се заканија дека ќе ја убијат на полноќ меѓу петок и сабота, доколку не бидат ослободени сите ирачки затворенички.