Австралијанецот од српско потекло Драган Васиљковиќ, познат како капетан Драган, кој е обвинет за воени злосторстав во Хрватска, денеска се појави пред судот во Сиднеј. Одреден му е притвор до 27-ми овој месец, за кога е закажано сослушување. Хрватска има 60 дена за доставување официјално барање за негова екстрадиција.