Багдад: Ирачките сили во состојба на готовност поради објавувањето на резултатите од изборите

Ирачките безбедносни сили се ставени во состојба на готовност поради денешното објавување на конечните резултати од парламентарните избори, што се одржаа на 15-ти декември. Во Багдад се распоредени дополнителни 5 илјади војници на зголемениот број контролни места во градот. Според прелиминарните резултати од изборите, победник е алијансата на шиитските религиозни партии, но нема доволно пратенички места за формира влада.