Министрите за надворешни работи на Русија и на Франција Сергеј лавров и Филип Блази денеска во Москва разговараат за иранското нуклеарно прашање. Русија предлага одлагање на изнесувањето на проблемот пред Советот за безбедност на Обединетите Нации. Потврдено е дека на втори идниот месец за иранската нуклеарна програма ќе расправа Меѓународната агенција за атомска енергија.