Техеран: Повторно пуштен Си Ен Ен

Иранските медиуми јавија дека претседателот Махмуд Ахмадинеџат дозволил Си Ен Ен повторно да работи во Иран, откако таа американска телевизиска мрежа јавно се извини за погрешното цитирање на иранскиот претседател. Имено Си Ен Ен, пренесувајки една прес конференција на Ахмадинеџат во саботата, направи грешка во преводот и наместо изјавата дека Иран има право на нуклеарна технологија, објави дека тој рекол оти Иран има право на нуклеарно оружје.