Претседателката на Финска Тарја Халонен не успеа на вчерашните избори да освои над пеесет насто од гласовите потребни за уште еден шестгодишен мандат. Затоа таа ќе мора да се појави и на вториот круг од гласањето што ќе се одржи по две недели. Нејзин противкандидат ќе биде конзервативецот Саули Нинисто.