Американскиот потпретседател Дик Чејни замина во неколкудневна турнеја по Блискиот Исток во текот на која ќе ги посети Египет, Саудиска Арабија и Кувајт. Чејни требаше да ги посети овие земји пред еден месец, но тогаш ја прекина турнејата и се врати во Вашингтон за да присуствува на едно важно гласање во Сенатот.