Вашингтон: ЕУ мора да притисне врз реформите на судството и полицијата

Европската Унија ја унапреди Македонија со кандидатски статус, но земјата мора да притисне врз реформите во судството и полицијата или ќе се соочи со застој на нејзиниот пат кон Брисел. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународната кризна група во кој се прецизира: И покрај прогресот во реформите на полицијата, македонската влада се уште треба да ја децентрализира власта и да ги зголеми транспарентноста и одговорноста. Во исто време, слабиот правосуден систем се соочува со голем број незавршени случаи и со прекумерно политичко влијание. Затоа Кризната група ја повикува меѓународната заедница да го продолжи притисокот врз Скопје да ги оствари неговите реформски ветувања.