Руското министерство за надворешни работи го осуди вчерашниот напад врз верниците во Московската синагога, наведувајки дека ќе продолжи да дејствува против било каква манифестација на анти-семитизам, ксенофобија или религиозна нетолеранција. Вчера 20 годишен маж нападна и рани со нож 8 верници за време на молитва. Полицијата која веднаш го уапси напаѓачот верува дека тој не е поврзан со некоја екстремна организација.