Астана: Средба Путин-Јушченко

Претседателите на Русија Владимир Путин и на Украина Виктор Јушченко денеска разговаа во Астана при што го поздравија договорот со кој се реши спорот околу испораката на рускиот гас за Украина. Тие присуствуваа на инаугурацијата на претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев. Договорот според кој Украина ќе плаќа двојно повеќе за рускиот гас, беше критикуван од украинскиот парламент, кој и изгласа недоверба на владата на премиерот Јури Јехунаров. Претседателот Јушченко изјави дека гласањето за недоверба било неуставно и ја дестабилизира земјата.