Премиерот Владо Бучковски ги започна консултациите за новото изборно законодавство, првично со претседателите од парламентарната владина коалиција за „Македонија Заедно“ и продоложи со претседателот на ВМРО-Народна Весна Јаневска, со што и официјално отпочна политичкиот дијалог на Владата посветена на изборното законодавство. Владата инаку кон крајот на минатиот месец го усвои првичниот закон предложен од Министерството за правда. Органите за спроведување на изборите, надлежностите на ДИК и деполитизација на изборниот процес се меѓу главните точки од законот кој се предвидува да претрпат измени, објаснува Загорка Тноковска од секторот за државна управа, изборен систем и управни надлежности при Министерството за правда:
„Во однос на промените кои се направени, направени се во делот на органите за спроведување на изборите, тука има дополнителни критериуми, во случај кога одредено лице неможе да биде предложено за член на изборните органи во случај кога учествувале во одредени нерегуларности. Зајакната е и улогата на ДИК во однос на надзорот, а исто така предвидена е деполитизација на судската функција во изборниот процес со тоа што се предвидува членовите од редовите на судиите да бидат избирани по пат на ждрепка.„
Сите решенија вметнати во предлог законот според претставникот на Министерството за правда се направени согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, и домашните набљудувачи. Но, таа додава дека се работи само за прва фаза:
„Ова е значи прва фаза и дадени се алтернативни решенија што значи дека законот ќе оди во две фази така да ќе има можност во дискусиите од Собрание од работните тела на Собрание, овие предложени решенија да претрпат измени.“
Новото изборно законодавство и организирањето фер и демократски избори се посочуваат како главен предизвик за Македонија во нејзиниот пат кон интеграцијата во евроатлантските институции во таа насока се и консултациите на власта со опозициските партии. Ставот на премиерот Владо Бучковски е дека до средината на март Македонија ќе има ново изборно законодавство. Консултациите на премиерот со опозициските партии треба да продолжат во петок.