Тел Авив: Докторите го започнаа будењето на Шарон од кома

Докторите денеска го започнаа процесот на будење на израелскиот премиер Ариел Шарон кој од минатата среда е во вештачки одржувана кома поради претрпениот мозочен удар. Станува збор за постепено намалување на нивото на седативите кое ќе трае неколку часа. Шарон веќе дише самостојно односно без помош на апарати. По будењето се очекува да се дознае кои се трајните последици по здравјето на Шарон од мозочниот удар и од двете операции што биле преземени за запирање на крвопролевањето во мозокот. Докторите велат дека можат да го спасат неговиот живот, но оти тој не ќе може да ја продолжи работата на функцијата премиер.