Женева: Експертски тим на СЗО во Турција

Светската Здравствена Организација испрати експертски тим во источна Турција кој треба да ги испита знаците на ширење на птичјиот грип меѓу луѓето. Едно 11-годишно девојче почина вчера од птичји грип во турската провинција Ван, во близина на границата со Иран и Ерменија, откако претходно од истите симтоми починаа и нејзиниот брат и сестра. Уште 20-тина лица во тој регион на Турција се хоспитализирани со знаци на заболеност од птичји грип.