Израелскиот премиер Ариел Шарон и натаму е во критична, но стабилна здравствена состојба, соопштија лекарите од болницата во Ерусалим. По тешкиот мозочен удар во средата вечер, врз Шарон беа изршени две операции за да се запре крварењето. Американскиот државен секретар Кодолиза Рајс ја откажа планираната посета на Индонезија и Австралија поради критичната здравствена состојба на Шарон.