Израелскиот премиер Ариел Шарон е во критична здравствена состојба, откако денеска доживеа тежок мозочен удар. По неколку-часовната операција, лекарите во Ерусалим успеале да го запрат крварењето и како што соопштија, неговите витални функции биле стабилни. Изреалската влада одржува вонредна седница, на која претседава заменикот на Шарон, Ехуд Олмерт.