Американскиот претседател Џорџ Буш изјави во Пентагон дека во текот на оваа година е можно да дојде до намалување на бројот на американските војници во Ирак. Тоа ќе зависи од ситуацијата на теренот, и тоа ќе биде воена, а не политичка одлука, изјави Буш по средбата со секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд и со началникот на генералштабот Питер Пејс.